
Не плашете се малку да експериментирате
Во текот на летото нема ништо подобро од сочна, добро изладена лубеница.
Слатка е и освежителна, па не е чудно што лубениците се најомилено летно уживање за многумина.
Со лубеницата можете да комбинирате се, но се сомневаме дека ви паднало на памет да ја посолите…
Но, Никол Вестон, сопственичка на слаткарница во Лос Анџелес, вели дека и таа била шокирана кога првпат пробала солена верзија на лубеница.
– Признавам, бев скептична кога првпат имав посолено парче лубеница во рацете. Во тоа време, мојот пријател инсистираше да го пробам и тврдеше дека така е уште послатка. Пробав и беше во право, навистина е подобра посолена – изјавила Никол.

– Солта ја прави лубеницата послатка бидејќи создава солено-сладок контраст и на тој начин овозможува сладоста да дојде до израз уште повеќе. Лубеницата обично има суптилна сладост бидејќи е полна со вода, за разлика од јагодите и другите овошја, кои имаат поконцентриран, интензивен вкус. Солта го поттикнува и производството на плунка, што ја прави лубеницата уште посочна – објаснила таа.
– Финтата е да ставите многу малку сол, односно рамномерно да го посипете целото парче лубеница. Ако ставите премногу сол, ќе ја убиете неговата сладост. Можете да користите секаков вид сол, вклучително и кујнска сол, но јас претпочитам да користам покрупна морска сол. Полесно е да се попрска кујнска сол на лубеницата, но крупната морска сол дава поголем солено-сладок контраст, а во исто време е потребна помала количина. Исто така, лубеницата одлично оди и со фета сирењето, кое има сличен ефект – заклучила Никол Вестон.