Од вкочанетост до заматен вид: 5 знаци дека ви недостасува еден клучен витамин!

15 април, 20220
nervous-stressed-female-student-feeling-headache-studying-cafe-830x0

Урамнотежената исхрана, богата со есенцијални витамини и минерали, е еден од столбовите на доброто здравје.

Доколку се наруши рамнотежата помеѓу витамини и минерали, телото испраќа сигнали кои предупредуваат дека треба да се грижиме за исхраната или да вклучиме суплементи.

Витаминот Е е клучна хранлива материја, бидејќи помага да се заштитат клетките од оштетување, го зајакнува имунолошкиот систем и го спречува згрутчувањето на крвта.

Повеќето луѓе не страдаат од недостаток на овој витамин; обично се јавува кај оние кои не можат да ги апсорбираат хранливите материи од храната, како што се луѓето кои страдаат од Кронова болест или цистична фиброза. Но, според општата лекарка Кристен Елизабет Холц, доколку имате недостаток на витамин Е, постојат клучни симптоми на кои треба да обрнете внимание.

1. Слабост

Ако не внесувате доволно витамин Е, вашите мускули страдаат од оксидативен стрес, што доведува до слабост.

2. Вкочанетост

Недостатокот на витамин Е може да предизвика периферна невропатија, односно вкочанетост на рацете и нозете.

3. Проблеми со координација

Друг несакан ефект од недостаток на витамин Е во телото е лошата координација. Имено, недостатокот на овој витамин може да доведе до разградување на одредени неврони во мозокот кои се клучни за контрола на движењето.

4. Оштетување на видот

Светлосните рецептори во мозокот може да се оштетат ако не внесувате доволно витамин Е преку храната. Ова може да доведе до оштетување на видот со текот на времето, најчесто до заматување.

5. Ослабен имунитет

Кога имунолошкиот систем не функционира правилно, на телото му станува потешко да се бори против инфекции и болести. Витаминот Е е клучен за помагање на имунолошкиот систем, бидејќи го поддржува растот на Т-клетките кои помагаат во борбата против инфекциите.

Доколку сте загрижени дека не внесувате доволно витамин Е поради вашата специфична исхрана, постојат многу намирници кои можете да ги вклучите во вашето дневно мени. Тоа се, на прво место, скапоцени растителни масла, но и пченични никулци, јаткасти плодови и семиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi