ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА 90 СЕКУНДИ: Со овие три вежби ќе го опуштите вкочанетиот ВРАТ и ќе заборавите на болката! (ВИДЕО)

22 март, 20220
2841733_profimedia0351423836_ls

Болката што ја чувствуваме кога вратот ни е вкочанет е всушност последица на скратувањето на вратниот мускул, што се јавува кога го држиме вратот во неприродна положба, било кога сме будни или кога спиеме.

Американскиот киропрактичар д-р Алан Мандел носи три решенија за вкочанет врат. Можете да пробате само една вежба или сите три. Вежбите делуваат затоа што го издолжуваат мускулот на вратот.

Вежба 1

bol, bol u vratu, vrat

Со прстите од спротивната рака на страната на вратот што ве боли (десна/лева страна на вратот и обратно) притиснете го вратот и свртете ја главата на страна додека не почувствувате болка. Додека ги притискате прстите на болното место, свртете ја главата колку што е можно настрана. Потоа употребете ги прстите за да го повлечете мускулот на вратот кон внатре или кон клучната коска. Повлечете го мускулот од што повеќе точки на вратот.

Вежба 2

Како и во првата вежба, фатете го горниот дел од главата со раката спротивна на страната што ве боли, свртете ја главата за 45 степени и повлечете ја надолу. Држете 15 до 20 секунди, опуштете се и потоа повлечете уште повеќе и држете 15 до 20 секунди. Ставете ја главата исправено и повторно повлечете ја надолу, држете ја 15 до 20 секунди, опуштете се и потоа повлечете уште посилно.

Вежба 3

Оваа вежба ја користи истата рака како болната страна на вратот (десна рака/десна страна на вратот и обратно). Стиснете ја раката во тупаница, притиснете ја до вратот каде што ве боли и навалете ја главата на тупаница. Дозволете вашата тупаница да навлезе во вратот и ќе знаете дека добро ви оди кога ќе почувствувате болка. Држете во оваа позиција 15 до 20 секунди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi