Со оглед на нивната работа, сосема е природно актерките да се појавуваат најчесто во тип топ издание, нашминкани и средени.
Сепак, има и такви кои не бегаат од својот природен изглед, кои дури го споделуваат со своите следбеници на Инстаграм.
Овој пат мислиме ни помалку ни повеќе туку славната Џенифер Анистон, која со својата најнова фотографија ги воодушеви сите свои фанови.
Џенифер објави фотографија на која е завиткана во бел пешкир, но повпечатливо од тоа е фактот што актерката е целосно без шминка и неисфенирана.
За својот изглед ја „обвинува“ влагата, но би се рекло дека не ѝ пречи многу:
„Добро влаго, одиме“, на шега напиша Џенифер на фотографиите.