Опседнат обожавател ја ПРОГОНУВАЛ, дошол до нејзиниот дом и тропал на вратата: Кајли итно побарала ЗАБРАНА за пристап

18 јануари, 20220
profimedia-0621233966

Полицијата го уапсила веднаш по пријавата

Според документите преземени од „E! News“, ријалити ѕвездата, од „Keeping up with the Kardashians“, Кајли Џенер, морала да побара забрана за пристап на еден обожавател, кој долго време ја вознемирувал, па дури и бил во затвор.

Забраната ја штити од споменатиот фан, Џру Месган, кој отишол во нејзината куќа во Холмби Хилс и тропнал на портата.

Судијата му одредил на обожавателот да се држи подалеку од Џенер и да не ја вознемирува.

Според TMZ, мажот бил уапсен пред домот на Џенер во Лос Анџелес во неделата на 26 декември, откако заѕвонил на ѕвончето пред нејзината порта. Обезбедувањето го забележало мажот и повикало полиција, која го уапсила поради прекршување на забраната за пристап што Кајли ја добила против него затоа што претходните месеци неколку пати се појавувал пред нејзината куќа.

Кајли Џенер јавно не го коментираше неговото апсење. Во 2019 година, таа поднесе и посебна забрана за друг маж кој се појавил пред нејзиниот дом. Мажот кој тврдеше дека не сторил кривично дело провалување на приватен имот со возило и кривично дело внесување шверцувана стока во затвор, е осуден на една година затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *