Оптичката илузија крие лице на маж, но само оние со висок коефициент на интелигенција ќе можат да го пронајдат

popara12 декември, 20221min00
oleg-shupliak-830x0

Не грижете се, има решение, само уметникот многу вешто го сокрил лицето

Фотографијата е дело на уметникот Олег Шупљак и прикажува жена и лицето на нејзиниот недостигнат љубовник кој е мистериозно скриен.

Оптичката илузија прикажува жена во фустан како посегнува кон лебед, пренесува „Timesnownews“.

Седејќи на работ од камениот лак, дамата со шешир седи сама и го бара својот сакан, но според толкувањето на таканаречените експерти за оптички илузии, љубовникот се крие пред нејзините очи, но на таков мистериозен начин што некој со просечен коефициент на интелигенција не може да го открие.

Затоа оваа слика може да биде одличен тест за интелигенција, па ако успеете да го забележите љубовникот за 10 секунди, тогаш можете да се пофалите дека имате висок коефициент на интелигенција.

Иако ваквите загатки не се целосно сигурни, тие можат да ви кажат колку сте добри во решавањето на проблемите.

Дали успеавте да го пронајдете скриениот човек?

Не грижете се, има решение, само уметникот многу вешто го сокрил лицето на оваа илустрација.

Сè што треба да направите е да одзумирате и да го погледнете уметничкото дело. Треба да почне да сеобликува профил на машко лице.

Ако сè уште не можете да го видите, еве ви помош: камениот лак треба да биде машка глава што се спушта и формира нос низ лактот на жената. Малку подолу ќе ги најдете неговите усни.

Дали успеавте? Пишете ни во коментар…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma