Се чини дека десниот прстен ротира побрзо од левиот иако брзината е иста
Оваа оптичка илузија ќе ве натера да го преиспитате сопствениот разум.
Ви претставуваме видео на кое се прикажани два ротирачки прстени составени од шест овални кругови. Некои овални кругови се целосно црни, додека други треперат помеѓу црно и бело на сива позадина.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Кога го гледате видеото, се чини дека прстените се движат со различна брзина.
– Се чини дека десниот прстен ротира побрзо од левиот иако брзината е иста – напиша Акијоши Китаока, експериментален психолог и творец на илузијата.
Меѓутоа, ако внимателно ја погледнете сликата, ќе сфатите дека оваа илузија си поигрува со вашиот ум така што изгледа дека едниот прстен се врти побрзо од другиот, а всушност двата прстени се движат со исто темпо.
Дали можете да видите дека двата прстени се движат со исто темпо?