ОСЛОБЕТЕ СЕ ОД БОЛКИТЕ ВО СТАПАЛАТА Овие вежби ќе ви помогнат во тоа

30 април, 20220
Screenshot_11

Сè повеќе луѓе имаат проблеми со болка во колената, стапалата или колковите, а голем број од нив се и млади.

 

 

Независно дали причината е неправилно седење, недоволна активност или мала повреда, не треба да ја игнорирате болката и да живеете со неа.

 

Секако, овие проблеми најдобро се решаваат со малку активност, а постојат вежби кои ќе ви помогнат да се намали болката и да се чувствувате подобро.

 

 

Вежби за кои колената стапалата и колковите ќе ви бидат однапред благодарни:

 

 

Вежба 1 – ги зајакнува глуждовите и мускулите околу коленото

Земете столче и потпрете се со рацете на него.

Подигнете ја наназад едната нога.

Полека подигнете ја петата на другата нога од подот додека не застанете на прсти.

Полека спуштете ја повторно петата на подот.

Повторете 10-15 пати со двете нозе.

 

Вежба 2 – ги зајакнува листовите и е добра за прстите на нозете и табаните

Сè што треба да правите е 5-15 минути да одите брзо на прсти, а тоа може да го правите каде и да сте во кое било време, додека не се изморите.

 

Вежба 3 – раздвижување на слабите глуждови

Во седечка или стоечка положба, подигнете една нога.

Полека ротирајте го стапалото на подигнатата нога во круг.

Повторете 10 пати во насока на часовникот и 10 пати во обратна насока со двете нозе.

 

Вежба 4 – истегнување на прстите

Стегнете ги прстите и опуштете ги – повторете неколкупати за добро да ги истегнете прстите, а воедно и цело стапало.

 

Вежба 5 – релаксирање на стапалата

Седнете на столче, а стапалото ставете го врз тениско топче и притискајте со ногата .

Полека и со малку притисок ролајте го топчето од предниот кон задниот дел на стапалото.

Уживајте во масажата!

 

Вежба 6 – масажа на стапала

Акупунктурата и масажата на стапала имаат одлична улога во ослободувањето од напнатоста, а по долг и напорен ден, поставете ги двата палци како на сликата и нежно масирајте 15 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi