
Докажано е дека овој метод ги ублажува стресот и анксиозноста
Кога се борите со стресот или ако имате огромен излив на гнев, тоа не е воопшто пријатно чувство и само сакате што побрзо да се ослободите од него.
Отпорот на стрес се учи и практикува секој ден, бидејќи е важен процес за техниката да стане навика во стресни ситуации.
Постои една алатка која може да ви помогне да се смирите за само 30 секунди – без разлика каде сте.
Вежбите за дишење се оние кои ќе ви помогнат да се смирите во даден момент, а и подобрувањето на сонот, зголемување на капацитетот на белите дробови и разни други придобивки доаѓаат од оваа техника.
Ова може да го користи секој без ограничувања.
Кога ќе почнете да вежбате, задолжително е да седнете исправено, не смеете да бидете свиткани, ниту да го притискате стомакот.

Рамното држење ќе му овозможи на воздухот да влезе, циркулира и излезе од системот без никакви ограничувања. Вдишете длабоко низ носот, а издишете преку устата, за да имате чувство дека сте го испуштиле целиот воздух. Можете да ги затворите очите за дополнителен ефект на релаксација.
Пред оваа вежба, препорачливо е прво да направите истегнување, да пуштите релаксирачка музика и да престанете да размислувате и да се грижите за момент.
Ова важи за моментот кога сте дома, доколку не сте дома, доволно е да направите правилно дишење.