Овој остров во близина на Крит привлекува големо внимание поради неговото мрачно минато
Живописниот остров Спиналонга се наоѓа во заливот Елунда, во близина на североисточниот брег на Крит.
Поради својата стратешка положба, Спиналонга со векови бил мета на освојувачите, од Арапите, преку Венецијанската Република до Отоманската империја.
Островот е познат по неговата тврдина, која е изградена во 16 век според дизајните на најдобрите венецијански инженери.
Заедно со островите Грамвуса и Соуда, Спиналонга бил клучна точка во заштитата на трговските патишта и поддршка за време на војните меѓу Венецијанската Република и Турците.
Сепак, и покрај својата богата историја, Спиналонга е најпознат како поранешна колонија за лепрозни!
Во периодот од 1903 до 1957 година, островот бил последното засолниште за лепрозните.
Последниот жител на островот, православен свештеник, ја напуштил колонијата во 1962 година. Тоа го направил тоа дури кога го исполнил условот да се испочитува традицијата – односно да се оддаде почест на покојниците 40 дена, шест месеци, една година, три години и пет години по нивната смрт.
Во Спиналонга имало само два влеза, а еден од нив бил тунелот за лепрозни, кој го добил името „Портата на Данте“.
А тоа име го добил бидејќи пациентите кои пристигнале на островот не можеле ни да погодат што ги чека.
Кога колонијата на лепрозни била официјално затворена, Спиналонга потонал во плевел и заборав.
Меѓутоа, во последните десет години ситуацијата се промени.
Спиналонга е туристичка атракција, а по половина час со брод пристигнуваат орди туристи од Елунда и Агиос Николас.
Туристите обично остануваат само неколку часа, бидејќи на пустиот остров нема ресторани и хотели.