
Покрај традиционалните рецепти за бојадисување јајца оваа година, пробајте и други методи
Потребно ви е:
варени јајца
5-6 бои креп-хартија
1 пар ракавици
оцет
висок, тесен сад (може да биде исечено пластично шише од 2 литри)
длабока чинија

Инструкции:
Исечете ја креп-хартијата на квадрати од околу 20 × 20 цм. Истурете го оцетот во чинија. Ставете ракавици. Во оцетот потопете лист креп хартија, во него завиткајте топло (веќе сварено) јајце и ставете го во шишето на дното. Направете го тоа со другите јајца во различна боја секој пат. Треба да има најмалку три реда.
На тој начин различните бои ќе се слеат една на друга и јајцата ќе бидат пошарени. Оставете ги околу половина час, а потоа, исто така, со ракавици, брзо и внимателно извадете ја хартијата и ставете ги јајцата на картон да се исушат. Премачкајте со крпа натопена во масло за да станат сјајни.