Во близина на градот Аин Сефре во северозападниот дел на Алжир пред неколку дена беа снимени многу ретки сцени – снегот и мразот ја обелија Сахара.
Снегот ја покри пустината бидејќи ноќните температури се спуштија до -3 Целзиусови степени во овој град во провинцијата Наама, која се издигнува на 1.081 метар надморска височина.
Јануари е најстудениот месец во годината во Аин Сефра со просечни температури кои се движат од 3 до 12 Целзиусови степени.
Третата по големина пустина во светот, покривајќи го поголемиот дел од Северна Африка, е изложена на големи температурни промени илјадници години. Но, снежните врнежи се уште се многу ретки.
Во ова гратче во последните четириесет години оваа зимска појава е забележана само три пати – во 1979, 2017 и 2018 година. Снежната бура во 1979 година беше толку силна што го запре сообраќајот во Аин Сефри, додека во 2017 година нападна дури еден метар снег.
Погледнете како изгледа кога снегот ќе ја зафати Сахара: