Памела Андерсон како Рокси Харт во мјузиклот „Чикаго“ на Бродвеј

popara14 април, 20221min00
pamela-anderson-10-830x0

Памела Андерсон го имаше своето деби на Бродвеј во вторникот вечерта кога влезе во екипата на долгогодишниот мјузикл „Чикаго“. 54-годишната актерка, која ја толкуваше главната улога на Рокси Харт, блесна додека на крајот од настапот прифати букет црвени рози и уживаше во аплаузот на публиката.

Додека се поклонуваше, Памела и пријде на колешката Лана Гордон, која го толкува ликот на Велма Кели.

Критичарот Џони Олексинск рече дека Андерсон пеела „многу добро“ и дека успеала да изведе сложена кореографија на финалето на мјузиклот, вклучувајќи и велосипед.

Пред Памела, многу познати личности ја играа Рокси Харт во „Чикаго“, од Брук Шилдс, Ешли Симпсон, Лиза Рајн, Ерика Џејн, Кристи Бринкли, Мелани Грифит, пишува „Дејли мејл“.

Памела неодамна во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека нејзината претстојна документарна серија на Нетфликс делумно ќе ги покрие нејзините подготовки за „Чикаго“.

Погледнете како изгледаше дебито на Памела Андерсон на њујоршкиот Бродвеј: