Памела Андерсон (54) се прослави во 1990-тите по улогата во хит серијата „Чувари на плажата“, но многумина ја паметат не само по атрактивниот изглед туку и по бројните контроверзи.
Меѓутоа, актерката во последно време ретко се појавува во јавноста, а папараците неодамна ја уловија како се шета низ Малибу во опуштено издание.
Иако некогаш оваа ѕвезда не можеше да се види без совршена шминка и впечатлива комбинација на облека, Памела фотографите ја фотографираа во обичен бел фустан, кардиган и голема чанта во апостолки.
Покрај разводите и аматерската домашна снимка, Памела ги полнеше страниците на весниците и со бројните пластични операции. Додека многумина продолжуваат да ја критикуваат поради силиконските гради и прекумерната употреба на ботокс, некои сепак ја сметаат за прекрасна.
Таа се повлече од светот на актерството и се посвети на активизмот за правата на животните. Таа неодамна потврди дека ќе го снима ТВ шоуто „Pamela Anderson’s Home Reno“ кое ќе го следи нејзиното реновирање на домот на нејзината баба.