
Одлично е да се има алуминиумска фолија дома, затоа што од неа можете да имате поголема корист од самото готвење и пакување сендвичи. Заштедува енергија, чисти садови, остри ножици…
Можеби сте чуле дека некои домаќинки ставаат топки од алуминиумска фолија во машините за перење и машините за сушење алишта. А дали некогаш сте се прашале зошто го прават тоа?
Се работи за одличен трик кој го прави пеглањето многу полесно и побрзо, бидејќи облеката по перење и сушење е помека па не е толку стуткана. Всушност, топките од алуминиумската фолија помагаат при перење алиштата подобро да се вртат, а со тоа и да се исперат, а во машината за сушење запираат создавање статички електрицитет.
Некои, исто така, тврдат дека алуминиумските топки се одлична алтернатива на омекнувачот за алишта. Доволни се само две до три, а направете ги едноставно – земете парче алуминиумска фолија и направете топки со големина од тениско топче.
Ставете парче алуминиумска фолија помеѓу навлаката и даската за пеглање, така што сјајниот дел да биде горе. Ќе ви го скрати времето на пеглање, бидејќи топлината ќе се рефлектира од фолијата и ќе ја пегла друга страна на облеката која ја пеглате. Жените кои го користат овој трик велат дека им го намалува времето за пеглање дури за пет пати – од 15 минути за една кошула, на три минути.