
Со две состојки совршено ќе ги исчистите, но и ќе ги омекнете старите и крути пешкири
Сè што треба да направите е да ги ставите пешкирите во машината за перење и да ја поставите температурата на 30 до 40 ° C. потоа додадете половина чаша сода бикарбона наместо детергент за перење и половина чаша алкохолен оцет наместо омекнувач. Можете да додадете и неколку капки есенцијално масло за подобар мирис. Не преоптоварувајте ја машината за перење и задолжително пешкирите исушете ги во ладно по по перњето, подалеку од грејните тела, што само ќе го уништи резултатот.