ПЕЈАЧКАТА БЛЕСНА ВО ДОЛГ ЦРН ФУСТАН! Фановите воодушевени!

18 јуни, 20220
265821_tan2019-7-14-19316737-1_f

Познатата музичка ѕвезда Бијонсе најави големо враќање на музичката сцена по 6 години пауза

На големо изненадување на фановите, Бијонсе истакна дека премиерата на албумот „Renaissance“ е закажана за 29-ти јули, а по тој повод објави едиторијал во долг црн фустан за британскиот магазин „Vogue“, за кој откри неколку детали.

Меѓу другото, Бијонсе објасни дека создавањето на новиот албум траело година и половина и дека тоа е долг процес. Сепак, таа истакна дека пандемијата и дала многу време да размисли и да ја преиспита секоја одлука, што на пејачката и одговарало.

– Новиот албум е спој на високиот вокал и жестоки ритми. За дел од секунда се враќам во клубовите на мојата младост. Тоа е музика што ја сакам до срж. Сакам да станам и да танцувам – изјави главниот уредник на британскиот Вог, Едвард Енифул.

Иако пејачката не откри премногу детали за новиот албум, Едвард истакна дека слушателите може да очекуваат музика „која ќе ги обедини луѓето на подиумот, но и која допира до душата“.

„Renaissance“ е седми по ред албум на пејачката, а доаѓа по „Lemonade“ од 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi