Пејачката Шер прошета по улиците на Лос Анџелес и ја покажа својата завидна фигура која ја одржува на 76 години.
Носеше хеланки кои ја оцртуваат нејзината линија, јакна и топ, а изгледот го надополни со црни потпетици и чанта.
Иако важи за икона во светската музичка индустрија, Шер не престанува да воодушевува со својот неверојатен изглед во осмата деценија од животот.
„Ова не е реално“, „Женава изгледа 30 години помладо“, „Каква кралица, никој не и е рамен“, „Леле, реално ли е ова“, се само дел од коментарите на фановите.