Состојки:
500 гр кора за пита
500 гр печени пиперки
100 гр маслинки
4 чешниња лук
маслиново масло
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Излупете ги и исечкајте ги печените пиперки, а потоа исечкајте ги маслинките и лукот. Измешајте ги сите три состојки и оставете ги да отстојат малку (совет: навечер можете да ги соедините состојките, а наутро од нив да направите пита).
Во истата смеса додадете сол, масло и бибер. Кората премачкајте ја со масло, па врз неа додадете уште една кора.
Ставете ја смесата што ја направивте и свиткајте ја питата во триаголници или кругови по желба.
Наредете ја питата во подмачкан плех обложен со хартија за печење.
Се пече на 200 степени.
Пријатно!