ПИЦА РОЛНИЧКИ! Неодоливо и вкусно
24 ноември, 20220
Овие вкусни кифлички од пица се идеален оброк кога не сте многу гладни
Состојки:
пакување лиснато тесто
100 гр кечап
150 гр шунка или сувомеснато по избор
100 гр моцарела
оригано, босилек
сол
Подготовка:
Лиснатото тесто развлечете го на набрашнета површина. Малку избоцкајте го со вилушка, па премачкајте го со кечап.
Посипете ги ренданата моцарела и шунката и зачинете по вкус. Свиткајте го тестото во ролат, па исечете го ролатот на кругови со дебелина од два до три сантиметри.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути.