Побрзо од ова не може, ниту послатко и повкусно: Направете ЏЕМ ОД КАЈСИИ по стар рецепт на нашите баби

14 јуни, 20220
245939_dzemlimun_ff

Џемот е секогаш омилено и совршено решение за брз десерт, а предноста е што можете да го направите од секое омилено овошје.

Ова лето мора да се обидете да го направите идеалниот џем и да уживате во неговиот вкус, а стариот рецепт за џем од кајсии ќе ве воодушеви и несомнено ќе оставите впечаток на вистинска домаќинка.

Друга предност на овој рецепт е тоа што не ви треба конзерванс.

Состојки:

5 килограми кајсии
2 килограми шеќер

Подготовка:

Погрижете се кајсиите да бидат здрави, измиени, излупени, па пресечете ги на половина и наредете ги во тенџере.

Кајсиите варете ги околу 15 минути на силен оган и одвреме-навреме мешајте да не изгорат. Не додавајте течност бидејќи кајсиите сами ќе го испуштат својот сок.

По 15 минути намалете ја температурата и динстајте го овошјето следниот час, а морате да внимавате постојано да не ви горат кајсиите. По еден час додадете шеќер и сè заедно варете уште 20 минути.

Вашиот џем е готов и се што треба да направите е да го истурите во малку загреана тегла и да го чувате на темно и ладно место. Не фрлајте ги семките од кајсиите, туку исчистете ги и земајте по неколку секој ден, тие се познати низ светот како природен лек против рак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi