Побрзо ќе се расипат: Три намирници кои никако не смеете да ги МИЕТЕ

14 февруари, 20220
profimedia-0516576010

Избегнувајте да ги миете

Пред употреба на зеленчукот и овошјето, задолжително е добро да се измијат под млаз млака вода за да се отстранат сите штетни микроорганизми од нивната површина.

Особено ако купувате зеленчук и овошје кои се прскани, а за да ги отстраните пестицидите, можете да ги држите некое време во топла вода.

Од друга страна, постојат и оние намирници кои не треба да се мијат.

Еве за која храна станува збор:

  1. Печурки

Печурките добро ја апсорбираат водата, па затоа не е добра идеја да ги миете, или уште полошо, да ги чувате потопени во вода. Многу брзо ќе ја изгубат еластичноста и ќе станат поподложни на расипување.

Доколку се многу валкани, брзо поминете ги низ водата и избришете ги со хартиено марамче кое ќе го впие вишокот течност. Во спротивно, правило е дека почвата се отстранува од габата со четка.

  1. Тестенини

Врвните готвачи велат дека треба да се забрани миењето на тестенините, бидејќи на тој начин се отстранува скробот кој подоцна е потребен за сосот добро да се соедини со тестенините. Варените тестенини може да се стават под вода само доколку се наменети за салати, а во случај на подготовка на други јадења не е потребно да се мијат.

  1. Јајца

Лушпата од јајцето често содржи специјална обвивка за заштита на јајцето од бактерии. Водата ја уништува таа заштита, па јајцата не е добро да се мијат, иако по правило ретко се мијат, има и такви кои тоа го прават повремено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi