Погледнете си ја ДЛАНКАТА: Веднаш контактирајте го вашиот лекар ако ја забележите оваа промена

20 јуни, 20220
30196_shutterstock-2108341661_f

Рацете и стапалата се одличен показател дали сè во телото функционира правилно

Првите знаци дека има проблем обично се промените на кожата.

Доколку забележите дека вашите дланки постојано се црвени, тоа може да биде симптом дека еден од вашите органи е загрозен, предупредуваат лекарите.

Тој е најважниот прочистувач на организмот, односно црниот дроб.

– Црвените дланки обично се симптом на прогресивна болест. Црниот дроб го чисти нашето тело, ни ослободува, меѓу другото, од хормони кои не ни се потребни. Кај мажите, на пример, тие се естрогените – женски полови хормони. Кога црниот дроб не работи добро, тие се акумулираат, а естрогените доведуваат до вазодилатација (проширување на крвните садови), па дланките стануваат црвени – објасни кардиологот Герман Ганделман.

Овој необичен симптом укажува на тоа дека црниот дроб постепено се уништува, а последиците може да бидат цироза и малигни заболувања. Затоа, доколку забележите дека вашите дланки се црвени, задолжително консултирајте се со лекар кој со подетални прегледи ќе утврди дали се работи за фиброза, цироза, безалкохолен замастен црн дроб…

Што го уништува црниот дроб?

Кардиологот Херман Ганделман забележа дека следните фактори го уништуваат црниот дроб:

  1. Алкохол
  2. Вирусни заболувања
  3. Масна хепатоза
  4. Автоимуни реакции
  5. Некои лекови

Проблемите со црниот дроб може да се покажат и во тестовите на крвта. Ако овој орган е „оштетен“, билирубинот е покачен. Во подоцнежните фази се појавува едем и асцит (акумулација на течност во абдоминалната празнина).

Како да се спречи и лекува?

Доколку сте забележале дека црниот дроб не ви работи правилно, потребно е веднаш да започнете со терапија. За почеток, неопходно е да се откажете од алкохолот и да ги намалите килограмите.

– Црниот дроб се регенерира и доколку реагирате на време, ослабете и се ослободите од токсините кои му штетат, тој ќе се врати во нормала. А за тоа се потребни три месеци – вели докторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi