Подгответе ги највкусните ИТАЛИЈАНСКИ КРЕМЕНАДЛИ: Јадење кое ќе им се допадне на СИТЕ (РЕЦЕПТ)
4 февруари, 20220
Доколку не сте сигурни што да подготвите за ручек денес, ви претставуваме рецепт кој ќе го обожавате.
Состојки:
4 кременадли
4 домати
1 зелена пиперка
3 лажици маслиново масло
1 чешне лук
Рендан кашкавал
Сол, бибер
Подготовка:
Посолете и побиберете ги кременадлите. Потоа испржете ги на маслиново масло од секоја страна. Извадете ги од тавата и оставете ги на топло. Во истото масло пропржете го лукот.
Додадете ја пиперката исечена на резанки и динстајте неколку минути. Ставете ги излупените и исечени домати и оставете ги да се варат 5 минути. По желба можете да додадете сол и бибер. Со сосот прелијте ги кременадлите и посипете со рендан кашкавал.
Идеја: послужете со кафеав ориз – што е поздрава опција од белиот – или со печен компир!
Пријатно јадење!