Подземни чуда: Не сме ни свесни што се „случува“ под нашите нозе

popara8 ноември, 20221min00
62414601

Името „Under“ зборува само за себе, а иако не е атракција која се наоѓа на десетици метри под површината, сепак е импресивна. Станува збор за убав ресторан кој се наоѓа на 5 и пол метри под површината на морето.

На повеќето луѓе не им е удобно да одат длабоко под земја. Дури и под најдобри услови, да се биде под површината на Земјата може да делува клаустрофобично и застрашувачко.

Сепак, луѓето под површината нуркаат, рударат, влегуваат во пештери и живеат – практично одсекогаш. Тоа автоматски значи дека таму долу се кријат еден тон кул, чудни и потполно прекрасни атракции. Некои чуда настанале со човечко дејство, а други по природен пат.

Низ светот ќе најдете многу прекрасни подземни феномени, а ова се само неколку од нив.

Солената катедрала во Зипакира (Колумбија)

Фактот дека инженерите, рударите и скулпторите успеале да издлабат катедрала под 200 метри сол, карпи и минерали е импресивен сам по себе. Но, уште поневеројатно е колку е спектакуларна катедралата од сол во Зипакира, Колумбија. Посетете ја во недела и ќе откриете уште еден интересен факт – таа е целосно функционална римокатоличка црква.

Салина Турда (Романија)

Кога некој ќе го спомне „Трансилванскиот подземен тематски парк“, веројатно ќе помислите дека измислуваат. Сепак, тој парк постои. Изграден длабоко под површината на Земјата во пештерски рудник за сол, Салина Турда има атракции како панорамско тркало, мини голф, куглање, пинг-понг, па дури и пловење по рудничкото езеро. Иако огромниот воз на смртта не застанува тука, мислиме дека ќе бидете доволно импресионирани и без него.

Under (Норвешка)

Името „Under“ зборува само за себе, а иако не е атракција која се наоѓа на десетици метри под површината, сепак е импресивна. Станува збор за убав ресторан кој се наоѓа на 5 и пол метри под површината на морето, така што додека ги јадете специјалитетите од норвешката кујна, можете да уживате и во погледот на Северното Море. Воопшто не звучи лошо, нели?

Деринкују (Турција)

Подземниот град Деринкују, во турската област Кападокија, датира од предилјадници години. Тоа е сложена мрежа на кривулести премини на осум нивоа и достигнува длабочина од 85 метри. Животот под земја им овозможило на граѓаните на Деринкују да ги избегнат екстремните температури и полесно да се одбранат од напаѓачите. Иако денес не е населено, местото содржи остатоци од училишта, продавници и цркви.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma