Подигнете ја ЕНЕРГИЈАТА до максимум: Храна што треба да ја јадете ПРЕД тренингот, за подобри резултати

popara14 август, 20221min00
hrana

Подобрете ги вашите перформанси

Веќе знаете дека не треба да тренирате со полн стомак, но ни на празен стомак.

Ако вежбате без да јадете претходно, ризикувате мачнина и вртоглавица, а ако порано сте го правеле тоа, сигурно се сеќавате на тој ден кога не сте успеале баш да го следите темпото што ви го наметнува тренерот.

Неопходно е да се јаде добро пред тренингот, но храната што ќе ја изберете нека биде соодветна, односно нека биде богата со хранливи материи.

Повеќе енергија значи дека ќе можете повеќе да вежбате, што значи дека со соодветна исхрана и после самиот тренинг, резултатите ќе ви бидат многу подобри.

Банана и путер од кикирики

Бананата содржи калиум кој ќе спречи болки во мускулите и замор за време на самиот тренинг. Хранлива е и ќе го задоволи вашиот глад, а притоа е лесна за стомакот. Можете да ја комбинирате со путер од кикирики, кој исто така е хранлив. Сепак, не претерувајте.

Тврдо варени јајца

Јадете тврдо варено јајце со парче црн леб за да го зголемите нивото на протеини. Идеална комбинација доколку сте гладни и немате време да јадете повеќе. Со овие две едноставни работи, ќе бидете доволно сити за да го поминете тренингот. На лебот можете да намачкате и малку хумус.

Смути

Според нутриционистите, смутито кое содржи грст овошје помешано со две шаки зеленчук е совршена комбинација на хранливи материи. Свежината ќе ве разбуди, а хранливите материи ќе ви дадат енергија за тренинг.

Сушено овошје и јаткасти плодови

Без разлика дали вежбате или не, веројатно ја сакате комбинацијата од јаткасти плодови и суво овошје. Помешајте една шака суво овошје со две шаки јаткасти плодови и уживајте во сочна закуска која ќе ви даде енергија за тренинг. Не претерувајте.

Енергетски плочки

Енергетските барови можете да ги купите во скоро секоја продавница. Мешавина од житарки и сушено овошје е идеално решение доколку сте гладни на пат кон теретана.