Пробајте
Состојки
- 3 големи компири
- сол по вкус
- суви билни зачини по вкус
За пржење:
- масло по потреба
Подготовка
Излупете ги компирите, добро измијте ги и исечете ги на тенки парчиња со машина за лупење компири. Убаво измијте го уште еднаш, ставете вода да бидат сите компири во водата и оставете да отстојат еден час (за да излезе скробот од компирот).
Исцедете ги компирите, распоредете ги на чиста кујнска крпа, покријте ги со друга чиста кујнска крпа и оставете добро да се исцедат.
Пржете на врело масло додека не поруменат.
Готовиот чипс ставете го на хартија за печење, а потоа на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотии.
Чипсот ставете го во соодветен сад, зачинете по вкус (посолете и измешајте во сув зачин), измешајте и послужете.