
Елиминирајте ги штетните метали и токсините
Со текот на времето, штетните материи создаваат таква депонија во телото што неизбежна е малаксаност, поспаност, раздразливост и општ пад на имунитетот.
Постојат различни методи за детоксикација, а еден од најпопуларните е детоксикацијата на телото со ориз.
Земете обичен ориз, онолку лажици колку што имате години, добро измијте го и ставете го во стаклена тегла.
Наполнете ја теглата со топла зовриена вода, затворете го капакот и оставете ја во фрижидер.
Наутро исцедете ја целата вода и земете една полна лажица ориз и варете ја 3-4 минути без сол, во посебна вода. Изедете на празен стомак, по можност до седум и пол наутро.
Останатиот ориз повторно покријте го со зовриена изладена вода и оставете го во фрижидер до следното утро. Оваа постапка за чистење на телото повторувајте ја секој ден, додека во теглата има ориз.
Тајната на методот се крие во зрното ориз, кое има кристална структура. Оризот се вари во цревата, а не во желудникот, па неговите зрна делуваат како еден вид абсорбент.
Овој метод го чисти телото од токсини, тешки метали и други штетни материи. Чистењето на телото со ориз помага во нормализирање на метаболизмот и регулирање на вишокот телесна тежина.
По земањето ориз наутро, пожелно е да не се јаде или пие најмалку три часа. По две недели започнува вистинското чистење на телото.
По одредено време на земање ориз се активира самочистењето на организмот, кое ќе продолжи дури по третманот во рок од неколку месеци.