Позната е и вистинската причина зошто Чарли Шин не се појави во последната епизода на „Два и пол мажи“

3 јули, 20220
Two-And-A-Half-Men-charlie-sheen-830x0

Сепак, до соработка не дојде

Чарли Шин требаше да се појави во последната епизода од серијата „Два и пол мажи“, но тоа не се случи. Во оригиналната завршна сцена, Чарли Харпер (го игра Чарли Шин) ѕвони на вратата и потоа пред камерата зборува за неговата злоупотреба на дрога и за тоа како го поминал сето тоа. Тогаш паѓа клавир од небото и го убива, пишува „looper.com“.

Меѓутоа, Шин не се согласил со предлогот. Тој барал крај кој ќе помогне во лансирањето на серијата „The Harpers“, спин-оф на „Two and a Half Men“ што тој го замислил, во кој глумат тој и Џон Крајер (кој го играше Алан Харпер).

Предлогот на Чарли бил одбиен, а кога не можел да го добие она што го сакал, Шин одбил да се појави во финалето, кое сепак завршило со смртта на Харпер.

Да се ​​потсетиме на таа сцена:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *