Познатиот актер (58) доби трето ДЕТЕ: Неговата сопруга, која е 31 ГОДИНА помлада од него, роди девојче

popara8 септември, 20221min00
icolas-Cage-i-Riko-Shibata

Тој има два сина од претходните бракови

Актерот Николас Кејџ (58) и неговата сопруга Рико Шибата (27) го добија своето прво заедничко бебе, ќерката Август Франческа.

– Николас и Рико со задоволство го објавија раѓањето на нивната ќерка. Мајката и бебето се добри – изјави претставникот на парот за странските медиуми.

На Кејџ ова му е трето дете, од претходните бракови ги има синовите Кал-Ел (16) и Вестон (31).

Да се потсетиме дека Кејџ ја запозна својата млада сопруга во нејзината родна Јапонија во 2020 година, а не долго потоа се верија преку „FaceTime“. Се венчаа на 16-ти февруари минатата година на интимна церемонија во Лас Вегас.