Нова драма ја тресе музичката сцена!
Американскиот рапер Снуп Дог се соочува со обвинувања за силување од непозната девојка. Според еден портал, жената чиј идентитет не е откриен го обвинила раперот дека ја принудил на орален секс во 2013 година.
Таа работела како една од танчерите, а во својата исповед изјавила дека Снуп Дог ова дело го направил во договор со неговиот соработник Дон „Меџик“ Хуан.
Двајцата наводно и понудиле да ја однесат дома, а потоа таа заспала. Кога се разбудила околу четири часот наутро, двајцата ја малтретирале. Раперот набрзо проговори за овие обвинувања и негираше дека направил нешто од горенаведеното.