Познатото „4П“ правило во љубовта: Проверете дали сте во здрава и стабилна врска

26 ноември, 20220
Screenshot_11

Љубовните терапевти истакнуваат дека интимноста во врската се заснова на „4 П“ : привлечност, поверение, почит и посветеност.

 

 

 

  • Привлечноста значи токму она што значи самиот збор – дека нашиот партнер физички е привлечен кон нас. Тоа е импулс кој потврдува дека таа личност, која ни е блиска, ја доживуваме како привлечна , дека ни се допаѓа како изгледа, како се однесува, се смее, како не гледа…
  • Довербата е предуслов за емотивно отворање. Кога му веруваме на партнерот, тоа значи дека му веруваме безусловно , дека се чувствуваме заштитени и сигурни, дека можеме да бидеме „ние“ во нашето вистинско светло, без да се криеме. Кога станува збор за сексот, довербата е услов за целосно предавање.
  • Почитта е потврда дека го сметаме партнерот за вредна личност, дека ги сакаме неговите квалитети , се восхитуваме на неговите квалитети, го цениме неговото мислење, кое не мора да се согласува со нашето, го почитуваме она што тој го прави, него како личност. …
  • Посветеноста значи дека сме избрале некој со кој сме подготвени да го споделиме животот „на добро или во лошо“, во брак или надвор од него.Тоа значи дека сме ја прифатиле нашата и различноста на нашиот партнер и не ја гледаме како камен на сопнување туку како можност за напредок.

 

 

 

Терапевтите советуваат периодично да проверувате колку „4П“ е стабилно и цврсто во вашата врска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *