ПОЛ ВОЛКЕР ПОСТХУМНО ЌЕ ДОБИЕ ЅВЕЗДА НА ХОЛИВУДСКИОТ БУЛЕВАР НА ПОЗНАТИ!

20 јуни, 20220
Screenshot_4

Познатиот актер Пол Вокер ќе биде постхумно награден со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

 

 

Вокер ќе добие ѕвезда една деценија по смртта, во 2023 година, а покрај него ѕвезди ќе добијат и актерката Хуанита Мур и пејачката Џени Ривера.

 

„Комисијата внимателно ги одбра овие талентирани поединци и едвај чекаме да ги прославиме бидејќи стануваат дел од историјата на Холивуд со откривање на ѕвезди на најпознатото светско шеталиште“, вели Елен К., претседателка на Холивудската економска комора, пренесуваат светските медиуми.

 

Смртта на Вокер ја потресе целокупната светска јавност. Ѕвездата на филмовите „Fast & Furious“ почина на 40-годишна возраст во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес во 2013 година. Автомобилот во кој се наоѓал тој удрил во бандера и дрво, а потоа се запалил.

 

Вокер зад себе ја остави ќерката Медоу Рејн Вокер која во моментот на несреќата имаше само 14 години.

 

Џени Ривера почина во авионска несреќа во близина на Монтереј во Мексико во 2012 година.

 

Холивудската Патека на славните е една од најпознатите знаменитости во Лос Анџелес и милиони туристи годишно го посетуваат ова специфично место. Моментално има околу 2.700 ѕвезди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi