
Многумина мислат дека ова е последен момент да се започне со тренинзи и диети, за до лето линијата да се доведе до посакуваната состојба.
Зимата беше вистински предизвик за сите оние кои се трудат да се хранат здраво. Многумина потклекнаа и накачија некој килограм повеќе.
Нема простор за очај. Слабеењето е нешто што варира и што може да се среди со исхраната, ако не е до некој здравствен проблем.
Колку и да се трудите да ја средите исхраната, ќе признаете дека е доста тешко да се контролирате кога ќе почнете да чувствувате глад, а не ви е време за јадење.
Новото истражување покажа дека и за тоа има решение. Научниците предлагаат мириси како ефикасно средство за борба против гладот.

Можеби ова ви изгледа контрадикторно, но се покажа дека мирисањето на одредени ароми може да го потисне апетитот. Научниците веруваат дека мирисите активираат механизам кој испраќа знак до мозокот дека сме гладни (што веројатно ви изгледа логично), а некои, специфични мириси, го кажуваат токму спротивното.
Кога е изложен на овие мириси, мозокот ослободува хормони кои го информираат телото дека треба да престане да јаде. Овие студии сè уште се во тек, но досега нането и јаболкото се покажаа како најефективни мириси.
Научниците веруваат дека мирисите би можеле да го регулираат складирањето на мастите и да одржат брз метаболизам, но неопходно е да се спроведат истражувања на оваа тема.