Парот не ја крие возбудата од стапнувањето на лудиот камен
Поп ѕвездата Бритни Спирс и нејзиниот вереник Сем Асгари наскоро ќе застанат пред олтарот, а парот не ја крие возбудата да го каже судбоносното „да“.
Новопечениот актер Асгари им се пофали на своите следбеници на Инстаграм дека тој и неговата избраничка закажале венчавка, но дека се уште не сакаат да им го откријат точниот датум на фановите.
– Нашите животи се вистинска бајка. Среќен ден на мајката, моја идна кралице. Одредивме и датум за нашиот голем ден! Но, ќе дознаете дури ден по венчавката – порача Асгари на Инстаграм со нивна заедничка фотографија.
Се шпекулира дека венчавката би можела да се случи наскоро, со оглед на тоа што Спирс неодамна им откри на фановите дека веќе има вел за венчаницата, а во ноември минатата година изјави дека венчаницате ќе ја дизајнира нејзината долгогодишна пријателка Донатела Версаче.
Инаку, за Бритни ова ќе биде трет брак. Таа претходно беше во заедница со Џејсон Александар и Кевин Федерлајн, со кои ги доби синовите Шон Престон и Џејден Џејмс.