Рецепт за непечен колач со јагоди: Брз, кремаст десерт кој е готов за 15 минути

11 мај, 20220
kolac-sa-jagodama--830x0

Оваа торта се подготвува брзо, освежува и е идеално уживање доколку имате ненадејни гости

Сезоната на јагоди започна, па време е за десерти со ова овошје на кое тешко може да се одолее. Доколку сакате да јадете кремаста и сочна торта која ќе ја направите „додека трепнете“, ви носиме рецепт за десерт со јагоди кој не се пече.

Потребни се само 15 минути за да го направите, а потоа имајте само малку повеќе трпение за да го изладите во фрижидер. Но, кога ќе го пробате, ќе сфатите дека вредело да се чека.

Состојки:

400 г мелени бисквити

400 г јагоди

125 г путер

1 чаша сок од портокал

200 г шлаг

2 чаши кисела павлака

200 г шеќер во прав

3 дл вода

2 кесички желатин

Подготовка:

Земете тркалезен калап за колачи со страни. Изматете ги бисквитите со путерот и додадете го сокот од портокал. Кога масата ќе стане мазна, на дното од калапот формирајте кора, одозгора убаво измазнете ја и ставете ја во фрижидер додека го правите остатокот од колачот.

Шлагот додадете го во подлабок сад, па изматете го со миксер со кисела вода за да стане поцврст. Во друг сад изматете ја павлаката со шеќерот во прав. Во изматениот шлаг додадете ја павлаката и сè заедно соединете.

Добро измијте ги јагодите и оставете 10 парчиња за украсување.

Остатокот од јагодите изблендирајте го, исцедете го вишокот сок, па додајте ја павлаката и шлагот. Сè изматете со миксер да се изедначи.

Подгответе желатин како што е напишано во упатството на кесичката. Растворете го во малку вода, почекајте да набабри, а потоа загрејте го на тивок оган да се растопи. Полека додајте го во овој фил додека ги матите шлагот и јагодите. Извадете ја кората од фрижидер и одозгора ставете го шлагот, павлаката и филот со јагоди. Одозгора украсете ја тортата со парчиња јагоди. Ставете во фрижидер и оставете да се стегне.

По два часа десертот е подготвен за послужување. Уживајте во ова кремасто задоволство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *