Дали знаевте дека цело ова време погрешно сте го местеле креветот?
Со еден едноставен трик за поставување на чаршафите, можете да го претворите креветот од малку наместен во целосно затегнат и цврст како од хотелска соба.
Постапката е многу едноставна и кратка, а еве што да направите:
- Ставете го чаршафот на душекот и израмнете го колку што е можно повеќе.
- Порамнете го горниот дел од чаршафот со горниот дел од душекот и погрижете се другите две страни да висат рамномерно од рабовите на креветот.
- Ставете чаршаф во подножјето на креветот под душекот.
- Фатете го невовлечениот агол и подигнете го до триаголна точка.
- Земете го висечкиот дел и турнете го под душекот.
- Повлечете го горниот дел надолу и турнете ги висечките рабови под душекот. Треба да се создаде рамно превиткување над долниот агол на креветот.
- Повторете со другиот агол.
По овие едноставни чекори, ќе спиете мирно без страв дека вашиот уредно наместен кревет наутро ќе се претвори во стуткано купче ткаенина.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.