Постојано СОНУВАТЕ некого кој го познавате? Еве што се може да значат овие сонови!

12 февруари, 20220
87_fa_f

Некои експерти веруваат дека сонувањето за пријател може да биде одраз на тоа како се чувствувате за него во реалниот живот.

Сепак, постои друго толкување. Некои луѓе мислат дека потсвеста ве предупредува да обрнете внимание на таа личност.

Други мислат дека вие всушност не ги сонувате, туку дека луѓето во вашите соништа претставуваат аспекти од вас.

Ако сонувате за близок пријател, размислете за неговите најсилни карактерни црти. Ако ги мислите како скромни, тогаш сонувате за скромната страна на себе – вели психотерапевтот и аналитичар на соништата Кардер Стаут.

Начинот на кој пријателите, членовите на семејството, случајните странци се однесуваат со вас влијае на тоа како се чувствувате. Соништата ви нудат можност целосно да ги испитате нефилтрираните емоции кои се јавуваат во секојдневниот живот.

– Но, не постои прирачник кој може генерички да го протолкува значењето на нашите соништа, се зависи од поединецот, неговите карактеристики и емоции – додаде Стаут.

Меѓутоа, во некои случаи, ако сонувате за некој што го познавате, тоа може да биде знак за нешто трауматично. Ако имате кошмари со одредени луѓе, треба да ги испитате вашите врски и чувствата што ги имате кон нив. Можно е вашата потсвест да ви испраќа знак дека треба да се дистанцирате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi