Постојано сте уморни, а не ја знаете причината: Овие намирници ви ја трошат енергијата

11 февруари, 20220
83aaffb913d219ee23c7afebc8afdacabc910c7b

Сите знаеме дека нашата енергија се зголемува и намалува во текот на денот.

 

Многу фактори влијаат на опаѓањето на нашата енергија, но има намирници кои буквално ќе не исцрпат. Експертите советуваат дека би било идеално да ги избегнувате во текот на денот.

Бел леб, тестенини и ориз

Преработените зрна како оние во белиот леб, тестенините од бело брашно и оризот можат да бидат главните виновници за одземње на енергијата во човечкото тело. Во најголем дел, тоа е затоа што мембраните на зрната се отстрануваат при обработката. Зрната обработени на овој начин содржат пониски нивоа на влакна и имаат тенденција да се варат и апсорбираат побрзо од целите зрна. Иако резултатот е побрзо покачување на шеќерот во крвта, а со тоа и на инсулинот, наскоро следи ненадеен пад на енергијата.

Алкохол

Иако алкохолот може да ви помогне да се чувствувате порелаксирано или полесно да заспиете, во зависност од количината што ја консумирате, следното утро всушност може да се разбудите помалку одморени. Истражувањата покажуваат дека помалите до умерени количини на алкохол не влијаат многу на квалитетот на сонот или на времетраењето на истиот. Ова се дефинира како еден или помалку стандардни пијалоци дневно за жени и два или помалку стандардни пијалоци за мажи.

Кафе

Кога се консумира умерено, кафето може да има позитивни физички и психички ефекти. Истражувањата покажуваат дека кафето помага да се намали ризикот од развој на невродегенеративни болести (Алцхајмерова и Паркинсонова болест). Исто така, 18 студии објавија дека кафето го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2. Меѓутоа, ако редовно се потпирате на кафе, наместо на правилна исхрана и сон, оваа навика може да ја исцрпи вашата енергија со текот на времето на подолги периоди.

Похована и пржена храна

Пржената и брзата храна се исто така енергетски неповолни бидејќи главно содржат големи количества масти и мала количина на влакна, што доведува до бавно варење. Побавното варење може да ја намали брзината со која хранливите материи влегуваат во крвотокот, што го забавува нивното искористување и енергетските процеси во телото.

Нискокалорична храна

Кога ќе дојде време за ужина, некои луѓе се одлучуваат за нискокалорични верзии на нивната омилена храна, верувајќи дека тие се поздрав избор. Сепак, вклучувањето премногу од овие намирници во вашата исхрана може да доведе до тоа да не внесувате доволно калории во текот на денот, што може значително да го намали нивото на енергија на вашето тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi