„Почитувајте го нашиот град“: Италијанците наплатиле казна од 450 евра на турист кој јадел врз историски споменик

popara10 септември, 20221min00
62375736-rim

Кога американски турист во Рим сакал да јаде покрај работ на Фонтана деи Катекумени, бил казнет со 450 евра во согласност со строгите правила за јадење и пиење додека седел покрај работ на фонтаната изградена од архитектот и скулптор Џакомо дела Порта, а која беше реставриран во 1997 година.

Заштитена е во согласност со правилата кои првпат беа воведени во седумдесетите години на минатиот век, а кои имаат за цел да ги заштитат историските фонтани, статуи и други градски споменици.

Ажурираните правила со фокус на одржување на „еколошката“ заштита на градот се во сила од 2019 година.

Локалната полиција во соопштение објави дека уличните патроли во градот извршиле повеќе од 300 проверки во текот на викендот, вклучувајќи го и правилото за ограничување на јачината на музиката што се слуша во баровите.

Во согласност со законот, капењето во градските чешми е забрането, а полицајците можат да изрекуваат казни, па дури и да забранат пристап до одреден простор до 48 часа.

Пристапот за оние што ќе ја повторат грешката може да биде забранет до 60 дена.

Градскиот совет појасни дека полицијата патролира низ градот „за да гарантира почитување на уметничкото и културното наследство на главниот град“.

Иако правилата може да изгледаат неоправдано строги, напорите на градските власти на Рим да ги задржат улиците без ѓубре, графити и безредие придонесуваат за зачувување на градот за уживање на сите посетители, а пред пандемијата на коронавирус, околу 10 милиони годишно туристи доаѓаа во Вечниот град.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma