Почнува снимањето на краткометражниот игран филм “Нитамуниваму”, во режија на Надежда Панов

17 ноември, 20220
nadezda

На 18-ти ноември 2022 почнува снимањето на краткометражниот игран филм Нитамуниваму / Turbo-net, по сценарио и во режија на Надежда Панов.

Филмот е копродукција на Пиреј филм од Скопје и Камера300 од Швајцарија и исто така е поддржан од Агенцијата на филм на Република Северна Македонија и регионалниот фонд ,,Синефором” од Женева.

Актерскот тим е таписерија на млади и искусни глумци меѓу кои и Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павловиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко  и Матео Матоски.

Филмот ја кажува приказната за едно семејство, и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови после смртта на таткото, сопственик на првото Интернет Кафуле во градот: Турбо-нет.  Дигитална игротека  за деца и возрасни и центар на социјалниот живот на почетокот на векот.

Снимањето ќе се одвива во населбите Ѓорче Петров и Водно во Скопје, и ќе трае до 22-и ноември 2022.  Премиерата е планирана за пролетта, 2023.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *