Поширок отколку подолг: Познатиот мост кој заради своите необични димензии е единствен таков во Европа!

popara25 април, 20221min00
62292602

Кој и да го посетил Даблин и да прошетал по неговите улици тешко дека можел да го избегне или пропуштил познатиот мост О’Конел. Мостот што ја преминува реката Лифи се наоѓа во срцето на градот, на истоимената улица О’Конел што води до споменикот наречен – погодувате добро – О’Конел.

Едноставен и елегантен, мостот е осветлен со романтични старински светилки, а покрај него се засадени дрвја кои ги делат двете страни на патот. И тука е неговата единствена „мана“ – поради густиот сообраќај овде може да биде малку хаотично и бучно. Поминуваат пешаци, автомобили, велосипедисти, мотоцикли и автобуси.

Токму тоа го прави посебен: овој мост е поширок отколку што е подолг, и како таков е еден од ретките во Европа што е отворен за сообраќај и со такви нетипични димензии. Денес е широк 50 метри и долг 45 метри.

Мостот првично бил изграден кон крајот на 18 век, но поради потребата да се ослободи сообраќајот, тој бил проширен во средината на 19 век. Името го носи по политичарот Даниел О’Конел, кој во 19 век бил наречен „Ослободител“ поради неговата вклученост во одбраната на интересите на католичките Ирци. Инаку, овој мост е и амбиент во романот „Ulysses“ на познатиот ирски писател Џејмс Џојс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag