ПРАВИЛНАТА ИСХРАНА ГО ШТИТИ МОЗОКОТ Намирници за подобро помнење

popara16 август, 20221min00
Screenshot_2

Јадете умерено и избегнувајте да се прејадувате. Во текот на денот имајте повеќе обраци, но во помали колични. Ужината е задолжителна.

 

 

 

адете храна богата со антиоксиданти. Боровинките, брокулата, морковот, грејпфрутот, јаболкото, треба секојдневно да се застапени во исхраната. Во чинијата секогаш комбинирајте повеќе бои: црвена (цвекло, домат, црвена пиперка), жолта (компир, карфиол, боранија), зелена (зелка, брокула, спанаќ).

 

Барем еднаш или двапати неделно јадете риба богата со омега 3 масни киселини (лосос, сардина, пастрмка, туна).

 

Јадете лешници, бадеми, ореви и други јаткасти плодови, бидејќи тие се богати со незаситени мадти.

Во салатата ставете ленено семе или семки од тиква и сончоглед над динстаниот зеленчук.

 

Месото секогаш подготвувајте го без масло бидејќи тоа содржи доволно маснотија за да може да се зготви.

 

Обезбедете си доволно витамин Е од следниве намирници: брокула, морков, грозје, лук, компир, јагоди, спанаќ, портокали.

 

За подготовка на јадењата користете маслиново, ленено или некое ладно цедено масло.

 

Избегнувајте претерано внесување алкохол. Хроничната употреба на алкохолот го оштетува вашиот мозок.

 

Јадете црно чоколадо (но не премногу) бидејќи е докажано дека придонесува за подобра концентрација и за подобро помнење.