Првата сезона на „The Crown“ повторно се најде на листата на најгледани серии на Нетфликс

15 септември, 20220
the-crown-830x0

Во драмската серија, создадена од Питер Морган, главните улоги ги толкуваат Клер Фој како кралицата Елизабета Втора и Мет Смит како принцот Филип

Смртта на кралицата Елизабета Втора предизвика зголемување на гледаноста на првата сезона на серијата „Круната“. Британската кралска драма оваа недела влезе во топ 10 на Нетфликс по веста дека Обединетото Кралство го загуби својот монарх со најдолго владеење.

Првата сезона на „The Crown“, чија премиера беше во 2016 година, се најде на седмото место со 17,57 милиони гледани часови.

Во првата сезона на „Круната“ можеме да видиме како се одвивал животот на кралицата од нејзината венчавка во 1947 година до 1955 година.

Во „Круната“ играат и Ванеса Кирби, Џерес Харис и Џон Лајтгоу

Серијата, која ја започнува својата петта сезона во ноември, е продуцирана од „Left Bank Picture“ и „Sony Pictures Television“, пишува „Deadline“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi