
Кејт Мидлтон се врати на кралските обврски по одморот. Таа беше забележана во посета на Музејот на пронаоѓачи во Лондон во придружба на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Не можеме а да не се навратиме на нејзиниот впечатлив дневен изглед. Војвотката се бори против јануарскиот студ со слоевитата гардероба. Акцентот е на капутот во интересна нијанса на сина боја, рамен крој и закопчување во средината.
Остатокот од нејзината гардероба е темносина. Таа носи здолниште и популарни панталони ѕвонарки, со шиење во средината што се повеќе се додава на различни модели на панталони.
Кејт често ја гледаме во слични изданија, докажувајќи дека класичната мода никогаш не може да биде досадна.
