
Професорот Вудруф рече дека ако некој веќе бил предиспониран за Паркинсонова болест, заразувањето со Ковид би било како „додавање масло на огнот“.
Актуелниот вид на корона вирусот што циркулира во светот е поблаг од другите, но британскиот „The Sun“ пренесува предупредување поради несаканиот ефект предизвикан од инфекцијата со Ковид-19.
Лекари од Австралија откриле дека оние кои биле заразени со корона вирусот имаат поголема веројатност да развијат некои невролошки проблеми.
Истражувањето предводено од експерти од Универзитетот во Квинсленд откри дека Ковид-19 го активира истиот воспалителен одговор во мозокот како Паркинсоновата болест.
Оваа болест предизвикува оштетување на делови од мозокот во текот на многу години. Ова се случува поради губење на нервните клетки во дел од мозокот наречен супстанција нигра.
Ова доведува до намалување на хемикалија наречена допамин, која е клучна за регулирање на движењето на телото.
Австралиските експерти објаснуваат дека инфламаторниот пат на некои луѓе кои добиваат ковид-19 може да предизвика „пожар во мозокот“. Како што велат тие, започнува хроничен и постојан процес на убивање на невроните.

Професорите Трент Вудруф и Едуардо Албонос од Факултетот за биомедицински науки ги проучувале ефектите на вирусот врз имуните клетки на мозокот, особено микроглијата – клучните клетки вклучени во прогресијата на Паркинсоновата болест.
– Нашиот тим одгледува човечка микроглија во лабораторија и ги зарази клетките со вирусот SARS CoV-2. Откривме дека клетките ефективно се „налутија“, активирајќи го истиот пат што протеините од Паркинсонова и Алцхајмерова болест можат да го активираат кај болеста. Тоа е на некој начин тивок убиец, бидејќи со години не се гледаат никакви надворешни симптоми – потенцираа тие.
Ова може да објасни зошто некои луѓе кои имале ковид-19 се поподложни на развој на невролошки симптоми слични на Паркинсоновата болест.
Лекарите рекоа дека протеинот на вирусот е доволен за да започне процесот.
Професорот Вудруф вели дека за некој веќе предодреден за Паркинсонова болест, заразувањето со Ковид би било како „додавање масло на огнот“.
Тие објаснија дека истиот ризик ќе важи и за Алцхајмеровата болест и деменцијата.