Пред три години го свитка зглобот, а сега повторно несреќа: Били Ајлиш падна на сцената на Коачела

popara1 мај, 20221min00
318425_profimedia0497436482_ff

Пејачката Били Ајлиш настапи на музичкиот фестивал во Калифорнија, Коачела. Меѓутоа, доживеала една несреќа – се лизнала и паднала кога ја напуштала сцената.

Откако ја испеа песната „Getting Older“, се повлече од сцената, а потоа падна и некое време ги држеше нозете кренати.

По тој гаф, таа почна да се смее сама на себе и додаде:

„Добро, ајде да танцуваме“.

Многу брзо ова видео стана вирално на мрежата:

„Не, воопшто не се смеевме“, напиша еден корисник на Твитер.

Ова не е единствената несреќа што ја доживеала. Таа пред три години доживеа несреќа во Италија и го свитка зглобот додека ја изведуваше песната „Bad Guy“.

– Ова е премногу глупаво бидејќи сум на работ на солзи и повеќе би сакала да не го продолжам настапот. Единствено што сакам е да ви приредам добра забава, а сега тоа не го можам – изјави тогаш пејачката и конечно го прекина концертот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma