
Состојки:
450 гр компири
50 гр путер
130 мл павлака за готвење
сол
бибер
100 гр сирење
Подготовка:
Најпрво треба да ги излупите компирите и да ги ставите во тенџере. Прелијте ги со вода, посолете и оставете ги да се готват.
Кога компирите ќе омекнат, тогаш извадете ги и со вилушка испасирајте ги.
Потоа во тавата растопете го путерот, па додадете го кремот за готвење. Оставете да зоврие, па тргнете го од оган.
Потоа додадете ги компирите и потоа измешајте го сирењето што претходно сте го изрендале.
На крај посолете и побиберете по вкус.