
Сатенски комплет во прекрасна боја и корсет кој ја истакна нејзината биста.
Актерката Софија Вергара постојано ги воодушевува жените ширум светот со своите комбинации на облека, а како што ја опишуваат модните експерти, таа секогаш постигнува отмен и елегантен впечаток, дури и ако приликата не е особено важна. За вечерното излегување со сопругот Џо Манганиело избра сатенска комбинација која и овојпат го истакна нејзиниот сексапил.

Црниот корсет го усогласи со портокалово сако и панталони кои визуелно и ги издолжија нозете, а секако и овој пат не се откажа од високите потпетици.
Како ви се допаѓа ова издание на убавата актерка?