Прекрасна маска за коса од 3 природни состојки: Пролетен третман за бујна и здрава коса

29 март, 20220
Screenshot_7

Студеното време влијаеше на тоа нашата коса да се исуши, крши и расцвета, па првите денови од пролетта се вистинската можност да ѝ го вратиме сјајот и мекоста.

 

Скапите третмани во фризерските салони не се неопходни, бидејќи косата можете да ја опоравите дома, со правење маска од само три состојки.

 

Состојки:

 

  • 2 лажици мед
  • 1 лажица бадемово масло
  • 1 лажица јаболков оцет

 

Подготовка:

Добро измешајте ги сите состојки и нанесете ја смесата пред миење, пред сѐ на испуканите врвови на косата, а остатокот од маската можете да го намачкате на другите делови. Сепак, внимавајте маската да не ја ставате во близина на темето и челото, бидејќи тој дел од косата најбрзо се мрсни и нема потреба од дополнително хранење.

 

Оставете ја маската да делува половина час, а потоа добро исплакнете. Потоа нанесете шампон без сулфат и користете серум со масло за дополнителна нега.

 

Со цел косата целосно да закрепне, практикувајте да ја нанесувате оваа маска еднаш неделно, барем пред следните две или три миења.

 

Со овој домашен третман вашата коса повторно ќе изгледа здраво и бујно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi